Роналдо: Секој има слаба точка, па така и Јуве…

Кристијано Роналдо со голем респект гледа на Јувентус, но сепак очекува Реал Мадрид да го совлада италијанскиот првак и да се закити со титулата европски шампион на финалето што ќе се игра в сабота на стадионот „Милениум“ во Кардиф.

Секако дека ќе ни биде многу тешко. Заслуживме да бидеме дел од ова финале, иако бевме второпласирани во групата, во нокаут фазата игравме одлично. Јуве исто така заслужи да биде дел од тој спектакл, можам да кажам дека против себе ќе имаме извонреден тим, кој веќе освои два трофеи сезонава. Тие се силни, но како и секој ривал имаат и слаби точки, наше е да ги искористиме и да стигнеме до пехарот. Го респектираме противникот, но ние сме Реал Мадрид и секогаш играме за да освојуваме трофеи. Воедно, ова ни е шанса да испишеме историја како прв тим што две години по ред успеал да стигне до титулата во ЛШ“ – изјави Роналдо во интервју за официјалната веб-страница на УЕФА.

Роналдо беше во главна улога на првиот меч со Атлетико во полуфиналето, како и во четвртфиналните пресметки против Баерн Минхен, па јасно е дека тој ќе мора повторно да биде на висина на задачата доколку Реал сака да се закити со нов трофеј во елитното европско натпреварување.

Се вчитува...