Роналдо со една гестикулација ги „збесна“ навивачите на Атлетико Мадрид… (ВИДЕО)

Јувентус испушти триумф против Атлетико Мадрид синоќа на „Ванда Метрополитано“ откако „јорганџиите“ со голот на Хектор Херера во последните секунди стигнаа до 2-2.

Но, за време на мечот во центарот на вниманието беше ѕвездата на Јувентус, Кристијано Роналдо кој не е драг гостин на стадионот на Атлетико Мадрид.

Во текот на целиот дуел постојано имаше бројни навреди од трибините за Португалецот, кој во еден момент со својата гестикулација дополнително го „распламти огнот“.

По мечот Роналдо ја објасни својата гестикулација. Многумина толкуваа дека Роналдо со тоа сугерирал како навивачите се плашат од неговата генијалност, но португалскиот репрезентативец самиот објасни дека само сакал да им порача: „Учете, мора да научите…“

 

Се вчитува...