Роналдо со нов рекорд: Прв фудбалер со 400 гола во топ 5 лигите во Европа

Португалскиот интернационалец Кристијано Роналдо продолжува да урива рекорди и како играч на Јувентус. „Старата дама“ вчера првпат „киксна“ во Серија А и одигра само 1-1 против Џенова, тимот на Горан Пандев, но Роналдо ќе го памети овој натпревар.

Португалецот беше стрелец на водечкиот погодок за Јувентус, а тоа беше негов 400. гол во топ лигите во Европа. За Роналдо тоа беше петти гол во дресот на Јувентус, а претходно постигна 311 за Реал Мадрид во Ла Лига и 84 за Манчестер јунајтед во Премиер – лигата.

Се вчитува...