Роналдо со порака до сите – Се соочуваме со тежок период, бидете силни

Еден од најдобрите фудбалери на денешницата, Кристијано Роналдо упати порака до сите во светот да ги следат препораките од Светската здравствена организација и властите во земјите кои се зафатени од пандемијата на коронавирус.

„Светот поминува низ многу тежок период кој бара од нас да се жртвуваме. Денеска зборувам не како фудбалер, туку како син, татко, човечко суштество кое е засегнати со се што се случува. Многу е важно да ги следиме препораките од Светската здравствена организација и властите во државите како би можеле да се заштитиме. Да ги заштитиме животите на луѓето и интересите на другите. Сакам да знаат дека сите што се борат со вирусот се во моите мисли, како мојот соиграч Даниеле Ругани кој ја има мојата поддршка во борбата со тешката болест“, напиша Роналдо. 

Скоро сите спортски натпреварувања во светот се суспендирани до почетокот на април.

 

Се вчитува...