Роналдо: Тешко е после Манчестер да играш во Емполи

Кристијано Роналдо не го криеше задоволството откако со два гола му донесе триумф на Јувентус на гостувањето против Емполи. Ривалот со реномето е далеку зад „старата дама“, но Португалецот откри дека тој и неговите соиграчи биле свесни дека денешниот натпревар ќе биде исклучително тежок.

„Можеби навивачите очекуваа лесна победа, но ние знаевме дека ќе биде многу компликувано. Тешко е кога после Манчестер треба да играш во Емполи, бевме преморени и малку емотивно исцрпени и затоа требаше да вложиме дополнителен напор за да стигнеме до бодовите Сметам дека победата е апсолутно заслужена бидејќи игравме подобро, создадовме повеќе шанси и стигнавме до посакуваниот триумф“ – изјави Роналдо.

Вториот погодок постигнат на денешниот дуел дефинитивно беше најубавиот од сите досегашни што Кристијано ги постигна во дресот на Јувентус.

„Не се сеќавам премногу што се случи, ќе треба да видам на ТВ. Акцијата беше брза, јас почувствував дека можам да погодам и само шутнав најдобро што знам. Секако дека бев пресреќен кога топката заврши во мрежата“ – истакна португалскиот ас.

Се вчитува...