Роналдо во Ал-Наср добива соиграч од Реал Мадрид?

Ал-Наср, саудискиот клуб кој неодамна го донесе Кристијано Роналдо, сега го сака и најскапиот играч во историјата на Реал Мадрид, Еден Азар. Белгискиот фудбалер не е во најдобра форма, и јасно е дека Реал бара начин како да се ослободи од него и од неговата висока плата, а и не се наметна откако дојде во таборот на „кралевите“, со оглед дека пред него опција е Винициус Жуниор.

Затоа трансфер во Ал Наср би бил логично решение за Азар. Таму би тренирал со Руди Гарсија, тренер кој му беше во времето на Лил, каде што се прослави. Азар има 32 години, а оваа сезона одигра само 13 меча за Реал, и постигна само еден гол.

Реал Мадрид пред три години го доведе за 115 милиони евра, но потоа имаше вторглав пад на цената, па сега не вреди ниту 10 милиони. Тоа може да го искористи Ал Наср кој сака уште еднаш да ги помести границите за трансфери, по ангажманот на Роналдо кој ќе заработи нешто повеќе од милијарда евра за двегодишниот договор со овој тим.

Се вчитува...