Португалската мегаѕвезда Кристијано Роналдо игра одлично во дресот на Јувентус, но има проблеми на приватен план, откако во Лас Вегас повторно е отворен случајот за наводното силување на моделот Кетрин Мајорга. Во јуни 2009 година тој има куса љубовна афера за американската манекенка, кој завршил со спогодба за неизнесување на деатли во јавноста, а Мајорга добила 300.000 евра. Сепак, сега таа реши повторно да покрене тужба против Роналдо.
Оваа вест предизвика многу бура во светската јавност, а како што вели Португалецот, тоа најтешко го поднесува неговата мајка.
„На мојата партнерка и објаснив се, и таа сфача и апсолутно ме поддржува. Роналдо јуниор е се уште мал за да сфати за што се работи, а другите деца се на уште помала возраст. И јас добро се држам, затоа што знам дека не сум виновен, но најгрозно се чувствува мојата мајка. Знаете, не е лесно кога вашиот син се споменува во јавноста во негативен контекст. Се работи за семејната чест. Но, уверен сум дека ќе ја докажам мојата невиност“, изјави Кристијано Роналдо во интервјуто за „Франс фудбал“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА