Роналдо замина кај болната мајка, нема да игра против Милан?

Кристијано Роналдо најверојатно ќе го пропушти утрешниот дуел од Купот на Италија меѓу Јувентус и Милан откако португалскиот ас заминал за татковината за да биде крај болната мајка. Долорес рано утрово имала мозочен удар, докторите и го спасиле животот и таа не се наоѓа во животна опасност, но се уште не се знае какви последици ќе има врз нејзиното функционирање во иднина.

Кристијано веднаш по дознавањето на информацијата полетал за Мадеира, за да биде крај мајка си во овие тешки моменти. Јувентус дал дозвола за такво нешто, Роналдо најрано утре на пладне би се вратил во Торино, но тешко е да се поверува дека ќе може да настапи против „росонерите“. Многу поверојатно е Јуве да се обиде да го добие мечот без својот најдобар голгетер, Роналдо да почне од клупата за резерви, па да влезе само доколку резултатот го налага тоа.

Првиот натпревар меѓу Милан и Јувентус од полуфиналето во Купот на Италија заврши 1-1, а голот за „старата дама“ го постигна токму Роналдо, со прецизно изведен пенал.

Се вчитува...