Рондо се враќа во Лејкерс, Клиперс е минато!

Пред стартот на новата НБА сезона одекна веста дека Ражон Рондо ќе се врати на местото на успехот, односно повторно ќе го облече дресот на Лос Анџелес Лејкерс.

Ваквите гласини премиерно беа пласирани во јавноста преку светстки познатите медиуми „Атлетик“ и „ЕСПН“. За потсетување Рондо беше испратен од Лос Анџелес Клиперс во Мемфис Гризлис, но не планира да остане таму, па сега повторно се поврзува со враќање во Лејкерс.

Искусниот кошаркар играше за Лејкерс од 2018 до 2020 година, а успеа со тимот и да го освои шампионскиот прстен.

 

 

 

Се вчитува...