Рондо: Стари сме? Па мудроста е клуч за освојување на титула

Ражон Рондо по Двајт Хауард, Тревор Ариза и Кармело Ентони е последниот ветеран кој му се приклучи на Лос Анџелес Лејкерс во походот по враќање на титулата во „градот на ангелите“.

Со тоа Лејкерс следната сезона ќе имаат шест од најстарите дванаесет играчи во НБА лигата па тимот наиде на многу критики за ветеранскиот состав кој го создаде во краток период. Но, плејмејкерот на тимот вели дека клучот за освојување на титула е токму во мудроста.

„Мудроста е клучот за освојување на титули, а ние го имаме тоа со обзир на годините и искуството на теренот. Мило ми е што повеќе нема да бидам најстариот играч во тимот. Мило ми е и што критичарите велат дека годините ќе бидат проблем, но во оваа лига нема да доживеете „старост“, доколку немате дисциплина. Имаме играчи кои поминаа многу низ годините, а и постои причина зошто се во НБА лигата на високо ниво толку долго. Клучот е во умот“, изјави Рондо.

Се вчитува...