Ростов се пофали – најдоброто од Давид Тошевски (видео)

Ростов излезе како победник од трката по Давид Тошевски, а рускиот клуб побрза да ги запознае своите навивачи со квалитетите на „македонското чудо од дете“, кое пристигнува од редовите на Работнички. На официјалниот јутјуб-канал на Ростов може да се проследи видео-компилација со настапите на Тошевски во дресот на Работнички и на младинската репрезентација на Македонија.

Тинејџерот (18 години) е голем талент за своја возраст, а во Ростов ќе добие можност за уште поголем напредок и настап во една од Топ 10 лигите во светот.

Се вчитува...