Рубиалес три години исфрлен од фудбалот

Светската куќа на фудбалот (ФИФА) му изрече тригодишна суспензија од какви било активности поврзани со спортот на Луис Рубиалес.

Претседателот на шпанската фудбалска федерација крена бура по финалето на Светското првенство за жени, кога за време на доделувањето на златниот медал ја бакна во уста фудбалерката Џенифер Хермосо.

Рубиалес, кој тврди дека бакнежот го дал со согласност на  Хермосо, подоцна од централата на РФЕФ објавија дека нема да поднесе оставка од своите обврски. Самата Хермосо рече дека не се согласува со бакнежот и дека тоа би можело да биде клучот во процесот на абдицирање на Рубиалес од претседателската функција.

Имаше барања за негова смена, а во медиумите беше објавена информација дека тамошниот прв човек на фудбалот е подготвен да ја напушти таа функција.

ФИФА интервенираше и донесе пресуда за овој случај, што значи дека Рубиалес нема да може да ја извршува функцијата што моментално ја извршува во следните три години.

Се вчитува...