Рубин Казан со интерес за Давид Бабунски

Рускиот прволигаш Рубин Казан е заинтересиран за услугите на македонскиот репрезентативец Давид Бабунски. Фудбалерот кој во моментов е дел од Мезоковешд, би можел да замине од унгарскиот клуб. За него има интерес и од клубови од Романија.

Рубин веќе почнал преговори со Мезоковешд за ангажман на Македонецот, кој има договор до 2025 година.

Во минатото Бабунски играше за Дебрецен, Виторул, Ботошани, јапонски Омија и Јокохама, беше дел од Црвена Звезда, а тренираше и со Барселона, играјќи за вториот тим на Каталонците.

Се вчитува...