Рубио се враќа дома, раскина со Кливленд

Рики Рубио од денеска е слободен играч откако шпанскиот ветеран се договори за раскин на соработката со Кливленд кавалирс, станувајќи слободен играч на пазарот.

Рубио имаше неколку тешки повреди во текот на кариерата, во јануари 2023 се врати на терените, но неколку месеци подоцна се повлече од тренинг кампот на шпанската репрезентација со образложение дека треба да се погрижи за нарушеното ментално здравје. Одличниот плејмејкер оттогаш нема настапено на ниту еден натпревар, што беше причина да седне на маса со челниците на Кливленд и да постигне договор за прекин на соработката.

Извори блиски до Рубио тврдат дека тој се уште нема донесено одлука дали воопшто повторно ќе игра професионално кошарка, но доколку тоа се случи, ќе биде назад во родната Шпанија.

Се вчитува...