Руд експресно преку Рубљов си закажа финале со Ѓоковиќ

Норвешкиот тенисер Каспер Руд ќе го предизвика Новак Ѓоковиќ во финалето на АТП завршниот турнир кој годинава се игра во италијанскиот Торино.

Норвежанецот во вториот полуфинален дуел експресно го реши рускиот тенисер, Андреј Рубљов со 2-0 по сетови 6-2 и 6-4. Во утрешното финале Руд ќе се бори за својата прва титула на АТП финалето, додека Новак ќе ја брка шестата титула со која ќе се израмни на врвот со легендарниот Роџер Федерер.

Претходно утре ќе се одигра и финалето во конкуренција на двојки, каде хрватскиот пар Павиќ и Мектиќ ќе играат против американско/британската комбинација Рам/Сализбури.

Се вчитува...