Руд го шокираше Зверев на мастерсот во Мајами

Норвежанецот Каспер Руд славеше над Германецот, Александер Зверев во четвртфиналето на АТП Мастерс 1000 турнирот кој се игра во Мајами. Норвежанецот го доби натпреварот со 2-1 по сетови 6-3, 1-6 и 6-3.

Во полуфиналето тој ќе се сретне со аргентинската сензација, Франциско Черундоло кој се пласираше меѓу четирите најдобри во Флорида откако Италијанецот Јаник Синер при негатива од 4-1 мораше да го предаде мечот.

Кај дамите втората полуфинална двојка ја сочинуваат Џесика Пегуља од САД и Полјачката Ига Швјонтек.

Се вчитува...