Руд: Новак во сала? Дефинитивно нешто најтешко

Норвежанецот Каспер Руд се пласираше во финалето на завршниот Мастерс во Торино откако на убедлив начин со 2-0 (6-2 и 6-4) славеше над Андреј Рубљов.

Негов ривал во финалето на турнирот ќе биде Новак Ѓоковиќ, кого го смета за најголем можен предизвик.

„Финале против Новак Ѓоковиќ во сала? Тоа е најтешката работа во историјата на нашиот спорт. Знам дека треба да се појавам со нешто што се уште не сум го направил против него бидејќи никогаш не сум го победил. За почеток, морам да верувам во победа. Нема да биде лесно, но ќе дадам се од себе, како и секогаш“,  изјави Руд.

Финалниот меч на АТП завршниот турнир во Торино е закажан за 19 часот.

Се вчитува...