Рудигер го откри проблемот: Сари зборува само за тактика, тактика, тактика….

Челси славеше со 3-0 на реваншот против Малме во Лигата на Европа, но овој резултат воопшто не го намали притисокот врз Маурицио Сари. Фудбалерите се незадоволни и се почесто гласно разговараат за она што им пречи кај италијанскиот стратег, а според зборовите на Антонио Рудигер – тоа пред се е тактичката опседнатост на Сари.

„Тактика, тактика, тактика, цело време слушаме само за тоа. Секој тренинг, секој состанок – тактика, тактика, тактика, се чувствуваме како да сме ученици и некој цело време да ни кажува дека не ги правиме работите како што треба. Ова се уште е врвен тим со играчи како Азар, Вилијан и Канте, се што ни треба е инспирација, а не дополнителна тактичка подготовка. Знаеме, тренерот е тој што треба да се слуша, но ако продолжиме вака – ќе полудиме“ – истакна Рудигер.

Челси в недела игра во финалето од Лига-купот на Англија против Манчестер Сити, а пораз на овој натпревар речиси сигурно ќе значи и заминување на Сари од кормилото на „сините“.

Се вчитува...