Ругани објаснува како е во изолација: Ми недостигаат прегратките од најблиските…

Дефанзивецот на Јувентус, Даниеле Ругани, се чувствува добро во самоизолација откако беше позитивен на коронавирусот. Фудбалерот на италијанскиот шампион не чувствува некои посебни здравствени тегоби, а најтешко му паѓа што е оддалечен од семејството.

„Се чувствувам добро, немам никакви здравствени тегоби, можеби симптомите и не се најдобро развиени во мојот организам. Но, секако ми недостигаат прегратките од најблиските. Знам како ви е на сите, но мораме да ги слушаме советите на здравствените работи и да бидеме дисциплинирани. Осамен сум во хотелска соба, ја гледам серијата „Peaky Blinders“ и читам Хари Потер. Наскоро ќе дојде победата над овој противник и сите ќе славиме, продолжувајќи со нормалниот начин на живот“, истакна од самоизолација Даниеле Ругани.

Се вчитува...