Карл-Хајнц Румениге тврди дека играчите на Баерн и тренерот Ханси Флик го молеле да им се овозможи настап на Светското клупско првенство оваа сезона.
Светското клупско првенство требаше да биде одржано во декември во Доха, но поради актуелната ситуацијата со пандемијата на коронавирусот, се е одложено. ФИФА одреди нов термин, па ќе се одржи во февруари следната година.
„Екипата и Ханси Флик дојдоа кај мене и ме замолија да разговарам со претседателот на ФИФА, Џани Инфантино како Светското првенство за клубови би се одржало оваа сезона. Тие сакаа шести наслов“ – соопшти Румениге.
Баерн Минхен, како шампион на Европа, ќе биде секако најголем фаворит за освојување на трофејот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА