Румениге поднесе оставка, Оливер Кан нов спортски директор на Баерн Минхен

Легендарниот Карл Хајнц-Румениге поднесе оставка на местото извршен директор на Баерн Минхен. Прославениот фудбалер и фудбалски работник потпиша раскинување на договорот со Баерн Минхен шест месеци пред неговото истекување.

Неговата функција како што е планирано ќе ја заземе Оливер Кан, кој првично прв човек на клубот требаше да стане на 1. јануари следната година. Сепак, Кан оваа функција ќе ја презеде на 1. јули.

 

Се вчитува...