Вејн Руни, англиската фудбалка легенда, кој од неодамна започна тренерска кариера, откри дека ја одбил понудата на Евертон за менаџерската позиција на клубот од „Гудисон Парк“, бидејќи имал недовршена работа во Дерби, која што му е важна.
Руни во петокот изјави дека челниците на неговиот поранешен клуб контактирале со неговите агенти, за да му понудат менаџерска работа.
„Евертон се обрати до мојот агент за да започнеме преговори за прземање на тимот. Ги одбив. Верувам дека ќе бидам премиерлигашки менаџер и целосно сум подготвен за тоа. Но, имам незавршена работа во Дерби и тоа ми е важно“, изјави 36-годишниот стратег.
Руни е врзан за договор со Дерби до летото 2023 година. „Овните“ се во незавидна ситуација во Чемпионшип, сезоната ја започнаа со -21 бод и грчевито се борат за опстанок во втората по ранг лига во Англија.
Во меѓувреме, англиските медиуми пренесуваат дека челните лице на клубот од „Гудисон Парк“ ги продолжиле преговорите со Френк Лампард и Витор Переира.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА