Руни ја кажа својата желба за Јунајтед: Покетино подобро ја знае Премиер-лигата, Манчестер не смее да се „зафркава“

Легендарниот фудбалер на Манчестер Јунајтед Вејн Руни, во интервју ја кажа својата желба за тренер на Манчестер Јунајтед. Тој кажа дека кога би бирал меѓу Маурисио Покетино и Ерик Тен Хаг, би го одбрал Аргентинецот.

„Мислам дека Покетино веќе работеше во Премиер-лигата и се покажа. Во Тотенхем и Саутемтпон донесе многу млади играчи. Ако треба да бирам меѓу него и Тен Хаг, би го одбрал Покетино, и би му дал време. На тренерите сега им треба време за да може да остават белег во клубот. Ако му се даде време, тогаш може да биде идеално решение“, рече Руни.

Напаѓачот кажа дека Манчестер Јунајтед не смее повеќе да се „зафркава“ со тренер, и овојпат мора да избере правилно, затоа што направил многу грешки во изминатите неколку сезони.

Вејн Руни моментално е тренер на Дерби, а кажа дека му е сон еден ден да седне на клупата на Манчестер Јунајтед.

Се вчитува...