Руни: Ливерпул шампиони? Тоа би било кошмар

Англискиот фудбалер Вејн Руни рече дека ќе му биде многу тешко доколку Ливерпул ја освои титулата во Премиер лигата. Поранешниот напаѓач на Евертон и Манчестер Јунајтед призна дека повеќе сака Манчестер Сити да го одбрани трофејот, отколку пехарот прв пат по 29 години да заврши на „Енфилд“.

„Манчестер Сити и Ливерпул се борат за титулата во Премиер лигата. Добро е што сум далеку од својата земја. Се надевам дека „граѓаните“ ќе го освојат трофејот. Не можам да ја гледам прославата и радоста на навивачите на Ливерпул. Тоа би бил лош ден за секој навивач на Евертон. Тоа би било кошмар“, рече Руни. 

Вејн Руни настапува во американскиот фудбалски тим ДЦ Јунајтед, а по три одиграни меча се наоѓаат на врвот на Источната конференција со две победи и еднo реми.

Се вчитува...