Руни не мрда од Манчестер јунајтед

Вејн Руни ќе остане дел од Манчестер јунајтед најмалку до крајот на оваа сезона, откако најдобриот стрелец во историјата на „црвените ѓаволи“ обелодени дека нема да се пресели во Кина, како што објавија неколку англиски медиуми. Утрово беше обелоденето дека агентот на Руни отпатувал за Кина за да го финализира трансферот пред крајот на преодниот рок (28 февруари), но Руни дефинитивно стави до знаење дека нема да замине од Јунајтед, без оглед на фактот дека поголемиот дел од сезонава го мина на клупата за резерви.

И покрај интересот покажан од неколку клубови, за што сум им благодарен, сакам да ставам крај на шпекулациите за мојата иднина објавувајќи дека останувам во Манчестер јунајтед. Се надевам дека ќе имам значајна улога во тимот што се натпреварува на четири различни фронта. Ова се возбудливи времиња во Манчестер и сакам да останам дел од тоа“ – изјави Руни.

Голгетерот останувва најплатен фудбалер на „црвените ѓаволи“ со плата од 300.000 фунти неделно.

Се вчитува...