Руни царува во Вашингтон – лизгачки старт, па асистенција за гол во 96. минута

Последнитее сезони на Вејн Руни во Премиер-лигата беа разочарувачки, но англискиот ас е максимално мотивиран во САД да докаже дека се уште може да игра на највисоко ниво. Доказ за тоа е и завршницата од синоќешниот дуел меѓу ДиСи јунајтед и Орландо, кога Руни во 96. минута се врати назад и со лизгачки старт спречи контра на гостите, за секунди подоцна да испрати маестрален центаршут што Акоста го претвори во победнички гол за 3-2.

Се вчитува...