Руни во Ди-Си Јунајтед го носи отпишаниот фудбалер на Манчестер Јунајтед

Вејн Руни влегува во нов предизвик во својата кариера откако официјално го превзема американскиот состав Ди-Си Јунајтед, а со него во гладниот град на САД го носи и отпишаниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Џеси Лингард, пренесуваат англиските медиуми.

Англискиот репрезентативец по успешната сезона во Вест Хем повторно не успеа да се наметне во тимот на Манчестер Јунајтед и ова лето дефинитивно ќе ja промени средината откако заврши неговиот договор со „црвените ѓаволи“.

За Лингард постои интерес и од неколку премиерлигаши, но на крајот може да пресуди пријателството со Вејн Руни. Тие заедно одиграа 44 натпревари во периодот помеѓу 2014 и 2017 година и ги освоија Лига Европа, ФА Купот и Англискиот Куп.

Се вчитува...