Евро-гол за паметење: Руни „пали и гаси“ во МЛС-лигата

Англискиот фудбалер Вејн Руни, уште еднаш докажа дека „формата е минлива, а класата е вечна“. Некогашниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, а сегашен член на МЛС клубот Ди-си Јунајтед, постигна фантастичен гол на мечот со Орландо.

Искусниот фудбалер во 30. минута од натпреварот изведе прекршок од самиот агол на теренот (речиси од корнер) и со неверојатен удар постигна прекрасен гол. За Руни тоа е четврти погодок во последните четири натпревари.

Покрај прекрасниот погодок, Руни беше асистент на првиот гол на неговиот тим, кој во шестата минута го постигна Стивен Бирбум. Ди-си Јунајтед е лидер во источната конференција со 10 освоени бода.

Се вчитува...