Рушту: Барселона ме спаси додека умирав од коронавирусот

Легендата на турскиот фудбал, поранешниот голман Рушту Реџбер, надмина тежок период бидејќи имаше сериозна форма на COVID-19 и мина подолго време во болница вклучувајќи ја и интензивната нега. Рушту раскажува што му помогнало да се бори во моментите на сериозно нарушено здравје. Открива дека мотив му биле пораките од поранешниот клуб Барселона.

„Секогаш сум и на располагање на Барселона. Сакам да искажам голема благодарност на сите од клубот, особено на претседателот. Во вакви моменти малите детали не се забораваат. Никогаш нема да заборавам што направи Барселона за мене додека умирав од коронавирусот. Ме врати во живот“ – вели Рушту во интервју за шпанските медиуми.

Рушту во Барселона мина една сезона (2003/04) пред да се врати во турскиот фудбал. Тој вели дека е особено горд на сезоната која ја минал во каталонскиот клуб.

 

 

 

Се вчитува...