Русија ја исфрли Чешка, за прв мундијалски билет за СП 2019

Русија е првата репрезентација што обезбеди билет за СП 2019 во ракомет, откако „зборнаја“ го доби реваншот против Чешка со 29-21, оставајќи ја оваа селекција без уште еден настап на европските шампионати.

Чесите имаа минимална предност од еден гол од првиот меч во Плзен, но руските ракометари веднаш ставија до знаење кој е кој, доминираа на теренот и заслужено стигнаа до мундијалска виза. На полувреме резултатот гласеше 14-11, за во вториот дел целосно да биде скршен отпорот на гостите за убедлива победа од осум гола разлика.

„Вардарецот“ Шишкарев постигна четири гола, Тимур Дибиров беше стрелец на три погодоци, а најефикасен беше Житников со осум постигнати гола.

Се вчитува...