Русите подобри од САД за полуфинале на Светското првенство во хокеј

Репрезентацијата на Русија се пласираше во полуфиналето на Светското првенство во хокеј кое се одржува во Словачка.

Во вечната дерби пресметка во четвртфиналето, Русите беа подобри од селекцијата на САД победувајќи со 4-3. (2-0, 1-1, 1-2). Во крајно неизвесен натпревар Русија, сепак, постојано одржуваше предност во текот на целиот меч која успеа да ја задржи до крајот.

Во вториот четвртфинален дуел, Швајцарија и Канада играат 2-2 по регуларниот дел, па низ продолжение ќе одлучуваат за патникот во полуфиналето. Вечерва останува уште да се одиграат и натпреварите Чешка – Германија и Финска – Шведска.

Се вчитува...