Русите попусто „врескаа“, УЕФА ги одобри дресовите на Украина

Промоцијата на украинските дресови за ЕВРО 2020 предизвика бурни реакции во Источна Европа, откако Русите гласно протестираа на пораката „Слава за Украина“ што е извезена на самиот дрес што ќе го носат избраниците на Андриј Шевченко на претстојниот европски шампионат.

Бројни руски политичари, но и спортски работници бараа дресот да биде забранет од УЕФА поради „политичка порака“, но експресно стигна одговорот – тоа дефинитивно нема да се случи.

„Дресот на украинската репрезентација, како и на сите останати селекции, е веќе одобрен од УЕФА за претстојниот европски шамионат. Тој е во согласност со сите правила за спортска опрема на големите натпреварувања“, објави УЕФА на официјалната веб-страница.

Се вчитува...