Русите шокирани: Финска е првиот финалист на Светското првенство во хокеј

Репрезентацијата на Финска е првиот финалист на Светското првенство во хокеј кое се одржува во Словачка.

Финците во првата полуфинална пресметка успеаја да ја изненадат фаворизираната руска селекција победувајќи со 1-0 (0-0,0-0,1-0). Победничкиот гол беше дело на Антила во последниот период од играта, на девет минути пред крајот на мечот.

Во второто полуфинале, вечерва од 19:15 часот ќе играат Канада и Чешка.

Се вчитува...