Руски велосипедист го смени државјанството и стана Французин: „Моите мисли се со украинскиот народ“

Меѓународната федарација за велосипеди, во петокот му дозволи на Павел Сиваков да го смени државјанството од руско во француско, објави неговата екипа „Инеос Генадирс“.

Сиваков е роден во Италија, но веќе од едногодишна возраст се преселил со родителите во Франција.

„Франција е земјата во која поразнав, во која се образував и во која се вљубив во возење велосипед, која ме довела до трки. Франција ја сметам за своја татковина“, рече Сиваков.

Тој додаде дека руската инвазија на Украина придонела тој да забрза да го смени државјанството.

„Веќе некое време сакав да станам француски државјанин, а со оглед на тоа што се случува во Украина, доведе да го забрзам процесот. Сите мои мисли се со украинскиот народ. Се надевам на мир и на брзо завршување на страдањата во Украина“, изјави Сиваков.

Се вчитува...