Рустемовски гордо со бронза на градите (фото)

Ален Рустемовски попладнево го доби бронзениот медал што го заслужи со одличните изданија на Медитеранските игри во Таранто, со што нашиот боксер обезбеди уште едно одличје за црвено-жолтата експедиција.

Останува тагата што поради судискиот грабеж македонскиот репрезентативец остана без финале, за жалбата од нашиот табор ќе се разгледува подоцна и таа нема да влијае врз конечниот исход, вистинска штета е што Рустемовски остана без можноста да се бори за злато, но самиот пласман во Таранто е најава за квалитетот и перспективноста на овој боксер.

Бронзениот медал на свечената церемонија на Рустемовски беше доделен од страна на првиот човек на МОК, Даниел Димевски.

Се вчитува...