Рутенка му кажа збогум на ракометот

Светскиот ракомет остана без уште еден ас, откако денеска, одличниот белоруски ракометар, Сергеј Рутенка реши да стави крај на својата професионална кариера. Иако можеше да игра уште неколку години, левиот бек му кажа збогум на ракометот во својата 36-та година живот. Тој зад себе остави одлични натпревари, многу погодоци и шест трофеи во ЕХФ Лигата на шампионите.

На свои 23 години го привлече вниманието на многу клубови, а најдобрите партии ги прикажа во Суидад Реал, со кој освои три ЕХФ пехари во ЛШ. Тоа беше само увертира за рекордниот трансфер во Барселона, за сума од 1.2 милиони евра. Последно настапуваше за катарскиот клуб Ал Кајада.

Во најголем дел од кариерата, Рутенка настапуваше за репрезентацијата на Словенија (поради двојно државјанство), беше најдобар стрелец на ЕВРО 2006, но во 2010 година одлучи да игра за својата родна Белорусија.

Се вчитува...