Сабицер од Баерн Минхен се сели во Борусија Дортмунд?

Марсел Сабицер ова лето може да ги промени клупските бои и да премине од Баерн Минхен во Борусија Дортмунд, пренесуваат германските медиуми.

За репрезентативецот на Австрија кој претходната сезона ја помина во Манчестер Јунајтед како позајмен играч нема загарантирано место во редовите на баварците, осовено по ангажманот на Лајмер.

Заминувањето на Џуд Белингхем направи празнина во средината на „милионерите“ па токму на Сабицер се гледа на некој кој може ја покрие неговата позиција со оглед на големото искуство од претходниот настап за Лајпциг. Овој трансфер би го цинел тимот од Дортмунд околку 20 милиони евра.

Се вчитува...