Саботна утринска бомба: Чаби Алонсо и Челси се договорија!

Чаби Алонсо ќе биде новиот тренер на Челси. Договорот ќе биде комплетиран после викендов, откако „сините“ ќе го одиграат финалето во ФА Купот против Манчестер Сити, но англиските медиуми објавуваат дека веќе „паднал договор“.

Шпанецот има усмен договор со раководството на тимот а веќе е на пат кон Лондон, каде се очекува во следните денови да го комплетира својот трансфер во тимот на Челси, кој оваа сезона смени дури тројца тренери, а тимот нема да игра во ЛШ идната сезона.

Алонсо направи „бум“ со Баер Леверкузен, откако стана шампион без пораз во Бундеслигата, а го освои и Купот на Германија. Потоа замина во Реал Мадрид, но неговата „одисеја“ како тренер на „кралевите“ траеше само неколку месеци.

Се вчитува...