Садики си замина од Ренова пред мечот со Хајдук, ќе игра на Малта

Ренова и официјално се раздели со дефанзивецот Нехар Садики кој кариерата ја продолжува во шампионатот на Малта, потпишувајќи договор со прволигашот Хамрун Спартанс.

22-годишниот Садики заминува од Ренова непосредно пред мечот на „гипсарите“ со Хајдук во 2. квалификациско коло од Лигата на Европа.

За Садики ова ќе биде прво интернационално искуство откако претходно во кариерата има настапувано и за Работнички, Еуромилк ГЛ и Милано.

Се вчитува...