Садио Мане му подари Мерцедес на човекот што му направи чудесен портрет

Садио Мане уште еднаш покажа дека не само што е врвен фудбалер, туку и неверојатна личност откако сенегалскиот ас пријатно го изненади уметникот кој десетина дена претходно му направи неверојатен портрет.

Имено, на социјалните мрежи се појави фотографија од портрет на Садио со пехарот од Купот на Африкански Нации, и тоа изрезбан во дрво.

Самиот голгетер беше импресиониран, па успеа да го најде уметникот, давајќи му неверојатен подарок. Имено, Мане и неговата сопруга се сретнаа со човекот што го направи ова мало ремек-дело, давајќи му нов автомобил Мерцедес во знак на благодарност.

Се вчитува...