Садио Мане денеска ќе ги одработи лекарските прегледи по што ќе биде комплетиран трансферот вреден 28 милиони евра од Баерн Минхен во Ал Наср, пренесуваат геманските медиуми.
Сенегалскиот репрезентативец со клубот од Саудиска Арабија ќе потпише четиригодишен договор вреден 39 милиони евра по сезона што значи дека може да заработи вкупно 156 милиони евра доколку го комплетира истиот.
Мане пристигна во германскиот гигант како големо засилување, но беше отпишан од тимот по физичката пресметка со Лирој Сане во соблекувалната по поразот од Манчестер Сити во Лигата на Шампионите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА