Садио Мане се одлучи за КРАЈ!

Еден од најдобрите сенегалски фудбалери на сите времиња, Садио Мане, наводно одлучил да ја заврши својата репрезентативна кариера. Веста ја објави сенегалскиот весник „Ле Квотидиен“. Одлуката доаѓа само неколку дена по елиминацијата на Сенегал во осминафиналето на Светското првенство и драматичниот пресврт на Белгија.

Повлекувањето на 34-годишниот напаѓач не е целосно изненадување. Мане претходно најави дека Африканскиот куп на нации во 2025 година, кој се одржа во Мароко, ќе биде неговиот последен турнир на кој ќе игра за „Лавовите“, но на крајот остана и играше на Светското првенство.

Садио Мане одигра 130 натпревари за репрезентацијата на Сенегал, постигнувајќи 54 гола. За време на неговата славна меѓународна кариера, тој го освои Африканскиот куп на нации со репрезентацијата во 2022 година. Тој го освои истиот трофеј на теренот во 2025 година, но пехарот подоцна контроверзно му беше доделен на Мароко.

Се вчитува...