Сагата продолжува: Отворена нова истрага против Новак Ѓоковиќ и во Шпанија

Сагата околку Новак Ѓоковиќ и неговиот престој во Австралија продолжува понатаму. Српскиот ас кој доби дозвола за настап на Австралија Опен беше извлечен и во ждрепката, но на крајот може и да не настапи на првиот голем турнир во сезоната.

Додека се чека одлука на министерот за имиграција, Алекс Хок за можно укинување на визата и депорација на Србинот, Австралиците покренаа истрага за низа прекршоци и нелогичности за неговите тестови за Ковид-19, а Ѓоковиќ влегува од проблем во проблем бидејќи започна и слична истрага во Шпанија.

Тамошните власти го истражуваат неговиот престој во Марбела на 31. декември. Според шпанските закони само вакцинирани граѓани на Србија можат да влезат во државата, па останува и нејасно како Ѓоковиќ воопшто ја поминал границата. Постои можност да станува збор за медицинска пропусница, но останува на полицијата да го истражи случајот.

Се вчитува...