Сахити: Брегалница е во налет, но ние целиме на трите бода

Работнички утре ќе ја пречека Брегалница во рамките на 27.коло од Првата лига, а „романтичарите“ веруваат дека ќе успеат да ги освојат трите бода. Крилниот играч Суад Сахити истакнува дека триумфот е императив за составот на Виктор Треневски на саботниот првенствен натпревар.

„Играме на домашен терен и тоа треба да го искористиме на најдобар можен начин. Атмосферата во тимот е одлична, се наоѓаме на третото место на табелата кое носи излез во Европа и треба да го сочуваме со победи. Брегалница е квалитетен тим, нивниот квалитет не е добро отсликан преку бодовното салдо на табелата, а во последниот период играат и во одлична форма, забележувајќи две победи во низа. Треба да бидеме максимално фокусирани и да одиграме на високо ниво, за да ги освоиме бодовите“, вели Суад Сахити.

Се вчитува...