Сајнц упати голема критика до критичарите на Ферари

Возачот на Ферари, Карлос Сајнц смета дека неговиот тим добива многу повеќе критики од тоа што е реално. Италијанскиот тим сезонава направи голем број на грешки и поради тоа често е на „мета“ на фановите во светот.

Поради тоа многу сметаат дека Ферари годинава се победи самиот себе, но шпанскиот возач не се сложува со тоа.

„Многу е тешко да се зборува за тоа кога требаше да бидеме посмели и кога требаше да бидеме повнимателни. Мислам дека треба да ја анализирате секоја ситуација поединечно и тогаш секој заклучок би бил различен. За мене се е до постојан напредок и пронаоѓање начини да се донесат правилни одлуки во вистински моменти. Мислам дека не е фер кон Ферари. Кога бев во Мекларен, Торо Росо или Рено, кога се правеа грешки во стратегијата, никој не доаѓаше и не покажуваше со прст, како што се случува сега во Ферари“, изјави Сајнц. 

Се вчитува...