Сака да игра во ЛШ – Депај си оди од Лион

Предвремениот крај на француското првенство го остави Лион без учество во европските купови за сезоната 2020/2021, што создава дополнителни проблеми за управата на клубот да ги задржи најдобрите фудбалери. Претседателот Жан-Мишел Ола потврди дека од „Жерлан“ најверојатно ќе си замине Мемфис Депај, со оглед на фактот дека неговиот договор истекува во јуни 2021, па Лион не смее да ризикува тој следното лето да си замине без никаква отштета.

„Немаме новости. Од една страна Мемфис ми најавува дека сака да разговара за нов договор, но неговите агенти ми најавуват дека ако не играме во Европа, тој сериозно ќе ги разгледува опстанатите опции“, истакна Ола за француските медиуми.

Депај сезонава постигна 14 гола на 18 средби во дресот на Лион, но потоа заработи тешка повреда на коленото по која му беше препорачана пауза од најмалку шест месеци од фудблските терени. Тој ќе биде подготвен за стартот на новата сезона, а најзаинтересирани за неговите услуги се Милан, Рома и Севилја.

Се вчитува...