Сака: Сакав да играм повеќе на ова СП… Белингем покажа каков човек е

Букајо Сака за првпат на овој светски шампионат одигра 90 минути на еден натпревар и одговори на најдобар можен начин, станувајќи само четврти англиски фудбалер со мундијалски хет-трик.

Со тоа, веднаш се поставија прашањата зошто асот на Арсенал не доби поголема минутажа на овој шампионат, со оглед на одличната форма што ја покажува со години наназад.

„Дали сакав да играм повеќе? Апсолутно, но тоа не е мој избор. Јас сакам да сум на теренот бидејќи знам дека тука го давам најдоброто од себе. Не добив шанса каква што посакував, но што е тука е… Сега е завршено, останува овој хет-трик за спомен“, истакна Сака.

Тој се осврна и на пеналот при третиот гол, кога Џуд Белингем долго ја држеше топката за на крајот да му ја даде за тој да го изведе ударот од белата точка.

„Немаше никакво недоразбирање, тој само стоеше со топката за јас да седам и да се фокусирам. Веднаш по пеналот ми кажа, ти шутираш, дај гол за хет-трик. Тоа само покажува каков човек е“, објасни Букајо Сака.

Се вчитува...