Салах: Би ја жртвувал Лигата на шампионите за трофеј во Премиер лигата

Најдобриот фудбалер на Ливерпул Мохамед Салах изјави дека би ја жртвувал Лигата на шампионите за титулата во Премиер лигата, на која „црвените“ чекаат 29 години.

„Искрено, Лигата на шампионите е најпрестижното натпреварување. Сепак, сон на целиот град и на клубот е да се освои Премиер лигата. Спремен сум да го жртвувам мојот сон, но би сакал да ги оствариме и двете цели“ – рече Салах пред реванш дуелот од осмина финалето во Лигата на шампионите против Баерн Минхен. 

Ливерпул никогаш не завршил на првото место од формирањето на Премиер лигата. Оваа сезона поголемиот дел беа на врвот, а во моментов се на бод негатива од првопласираниот Манчестер Сити. Египетскиот напаѓач верува дека „граѓаните“ ќе доживеат кикс и дека Ливерпул ќе се врати таму каде што припаѓа.

„Натпреварувањето е многу тешко и ние и Сити имаме тежок распоред до крајот на сезоната. Се што треба да направиме е да ги добием сите натпревари и да се надеваме дека они ќе ги пропуштат барем во еден. Мирна ми е главата без разлика на големиот притисок, имам силен менталитет“ – дополни популарниот Мо. 

До крајот на сезоната во Премиер лигата има да се одиграат уште 8 кола.

Се вчитува...