Салах: Чувствуваме голем притисок, па и ние сме луѓе…

Најдобриот фудбалер на Ливерпул, Мохамед Салах не крие дека во тимот се чувствува голем притисок како се расжештува битката за титулата во Премиер лигата.

Ливерпул во недела го чека големото дерби против Манчестер јунајтед, а Салах нагласува дека едноставно се чувствува нервоза кај поединци.

„Да, притисокот го чувствуваме, нервоза внатрешна кај секој од нас постои. Па и ние сме луѓе. Да бидам искрен, јас лично и не сум нешто премногу психолошки оптоварен затоа што сакам да победувам но генерално во тимот се гледа дека постои притисок. Тоа го носи и самата желба да стигнеме до титулата. На крајот на краиштата па и сето тоа не тера да бидеме добри на секој натпревар“ – вели Салах.

Се вчитува...