Салах: Дали ќе останам зависи од Ливерпул, среќен сум што Барселона се интересира за мене

Мохамед Салах блеска и во новата сезона во која го предводи Ливерпул до второто место во Премиерлигата и следната фаза од Лигата на Шампионите. Египјанецот во англиското првенство постигна 13 голови и 11 асистенции на 15 одиграни натпревари, а забележа и шест гола на пет натпревари во најсилното фудбалско натпреварување.

Салах и Ливерпул се „полн погодок“, но дали ќе останат заедно и во иднина останува неизвесно. Договорот на 29-годишникот истекува за 18 месеци, а се јавуваат сериозни проблеми во обидот за продолжување на соработката поготово при интересот на Барселона.

„Одлуката е во рацете на менаџментот и тие мораат да го решат овој проблем. Нема голем проблем, но мора да застанеме на иста страна во преговорите. Се зависи од нив. Финансиите даваат дознаење колку клубот ве цени и што се се подготвени да направат за да останете. Сепак мојата одлука нема да зависи само од финансискиот аспект. Прочитав дека Чави се интересира за мене… клуб како Барселона е заинтересиран за мене и тоа ме прави многу среќен. Сепак јас сум среќен и во Ливерпул и во моментот преферирам да останам во Премиерлигата бидејќи е најсилната лига во светот“, изјави Салах.

Се вчитува...